2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИзмешани цени поради разочарувачките податоци

Измешани цени поради разочарувачките податоци

stok

Цените на акциите на азиските берзи беа измешани поради разочарувачките податоци од американскиот пазар на трудот кои го намалија оптимизмот во американската екомонија.

Кај Nikkei 225 индексот не се забележаа промени бидејќи пазарите во Јапонија беа затворени поради државен празник, Hang Seng индексот од Хонг Конг порасна за 0.2 проценти, додека австралискиот ASX/200 индекс се намали за 0.38 проценти.

На азиските акции влијаеше падот на американскиот индекс Dow Jones и S&P 500, кои ослабнаа по објавувањето на послаби податоци од очекувањата за вработувањата во декември.

Американската екомонија во декември отвори само 74.000 работни места, што е најмал раст од јануари 2011, а очекувањата беа раст за 196.000 места.

Стапката на невработеност падна на петгодишен минимум од 6.7%, од предходните 7% во месец ноември.

Разочарувачките податоци ги намалија очекувањата дека Федералните резерви повторно ќе го намалат својот стимулативен програм овој месец.

Во Хонг Конг, Hang Seng индексот се движеше помеѓу добивката и загубата за време на нестабилното тргување поради загриженоста околу намелените услови на ликвидност на финансискиот систем и растот на меѓубанкарската кредитна стапка.

Европските акции зајакнаа за време на слабото тргување, додека американските податоци за вработеноста во петокот ја поттикнаа неизвесноста околу иднината на Федералната стимулативна програма.

EURO STOXX 50 порасна за 0.29%, францускиот CAC 40 скокна за 0.17%, лондонскиот FTSE 100 беше повисок за 0.14%, додека германскиот DAX 30 порасна за 0.43%.

 

За било какво користење на материјалот превземен од сајтот на Адмирал Маркетс и дополнителните изданија од било кој друг извор, правата на интелектуална сопственост со кои се занимава Адмирал Маркетс, задолжително е повикување на сајтот на компанијата.

Имајте во предвид дека презентираните податоци се однесуваат на минатото и дека минатите перформанси не се сигурен показател на идните резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП