18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМасимилиано Алегри заработи отказ

Масимилиано Алегри заработи отказ

masimiliano alegri

Тренерот на Милан, Масимилиано Алегри беше отпуштен по серијата неуспешни резултати во првенството на Италија.

Седумкратниот европски шампион се наоѓа на 11-тото место на табелата по вчерашниот пораз со 3:4 од новајлијата Сасуоло.

„Росонерите“ сега заостануваат со 20 поени зад Наполи, кој го зазема последното место за учество во Лигата на Шампионите. Тимот на Алегри оваа сезона успеа да забележи само пет победи во домашното првенство.

„Масимилиано Алегри и неговиот тим беа ослободени од нивните должности. Раководството му се заблагодарува на Алегри и на неговиот тим за времето во клубот и им посакува се најдобро во иднина. Тренерот Мауро Тасоти привремено ќе го преземе управувањето на тимот“, се вели во соопштението на клубот.

Алегри, кој работеше во Милан четири години, беше предмет на медиумски шпекулации во последните недели. За време на новогодишната пауза тој рече дека ова е негова последна сезона во клубот. Во првата година од својата работа во Милано тој ја донесе титулата, а во 2012-та година го доведе тимот до второто место. Минатата сезона Милан беше трет во Серија А.

Претходно утринава ќерката на Силвио Берлускони, Барбара, отворено навести за претстојната разделба со тренерот, најавувајќи дека се потребни итни мерки.

Поранешниот фудбалер на Милан и на репрезентацијата на Холандија, Кларенс Сидорф се смета за најголем фаворит за функцијата и покрај недостатокот на тренерско искуство. Во моментов тој настапува во Ботафого.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП