27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Beetle Dune повторно ќе заживее (фото)

Концептот Beetle Dune повторно ќе заживее (фото)

dune 1

Германскиот производител на автомобили најави претставување на новата верзија на кросовер концептот на популарната „Буба“ од 2000-та година. Останува да се види дали овој пат Фолксваген по концептната верзија на купувачите ќе им понуди и производен модел.

Некогашната икона на Фолксваген – „Буба“, иако технолошки усовршена загуби дел од шармот низ двете нови генерации на овој автомобил. Новите безбедносни и еколошки стандарди, како и различните односи на глобалниот автомобилски пазар, направија современата „VW Beetle“ да чини многу повеќе од изворната „Буба“ и со тоа привлекувајќи значително помал број на купувачи од различен профил.

dune 2

Покрај тоа, конкуренцијата меѓу таканаречените „life-style“ возила секоја година е се поголема.

Со цел да се привлече вниманието на потенцијалните купувачи кон современата „Буба“, Фолксваген уште еднап пред јавноста ќе претстави атрактивен концепт заснован на новата генерација на овој модел. Станува збор за кросоверот „Beetle Dune“, кој премиера ќе има на саемот во Детроит.

dune 3

Применет е истиот рецепт како и кај сличниот концепт од 2000-та година, кој беше базиран на тогашната „Буба“. Исто како и многуте други слични возила, автомобилот е опремен со заштитни елементи на долниот дел од каросеријата, браниците, праговите и крилата, а со тоа овој концепт добива стабилен изглед.

Покрај тоа, редизајнирани се предниот браник, маската на ладилникот, светлата за магла, а стилски промени се забележуваат и на задниот дел од возилото каде е променет изгледот на браникот, кој доби мал дифузор, со дополнителен спојлер на покривот.

dune 4

За теренските способности на возилото не стануваше ни збор, но Фолксваген соопшти дека концептот ќе има 2.0-литарски четирицилиндричен бензинец со 210 ks (154 kW) кој моќта ја пренесува на предните тркала со помош на автоматски шестбрзински „DSG“ менувач со двојно квачило.

Во соопштението од компанијата меѓу редовите може да се прочита, дека за разлика од претходниот концепт на „Dune“, новиот ќе има значително поголеми шанси да влезе во сериско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП