26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.01.2014

Дневен хороскоп 13.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес нема да бидете многу сигурни во вашата финансиска ситуација, и тоа може прилично да ве вознемири. Некои информации кои ќе ги добиете, исто така може да ве вознемират. Јасно е дека е криза во светот, но не мора само вие да го чувствувате товарот од тоа. Пред да почнете нешто да планирате оценете ги сите работи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Некои лоши вести поврзани со вашата работа денес би можеле многу да ве вознемират. Најверојатно ќе се запрашате каква е вашата иднина и како да го промените тоа прашање. Размислете за тоа, но не донесувајте одлука денес. Мора да бидете повеќе сигурни во себе отколку што се. Во меѓувреме разгледајте си сите опции.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да ве контролираат. Подобро е денес да се концентрирате на оние проблеми кои можете да ги решите, наместо на нешто од минатото кое не можете да го промените. Закажете средба со поранешните соработници, ќе ви се отвори можност за дополнителен профит.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес проблемите на другите луѓе ќе ви претставуваат толку голем товар што нема да можете да се концентрирате на убавите работи кои ви се случуваат. Ислушајте ги со едното уво проблемите на вашата пријателка или жалбите на вашата колешка, а потоа оттргнете се што побрзо од неа. Никој нема да ви замери ако бидете малку посебични.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Внимавајте како размислувате за себе и не се критикувајте премногу. Обидете се да ги избегнете негативните мисли и не им дозволувајте на песимистичните луѓе да ви влијаат на енергијата. Денес лесно ќе го прифаќате туѓото мислење. Нема да имате потреба од навлегување во долги дискусии или натпревари.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

За некои моментални настани и случувања ќе треба да одлучите колку ви значат, но и што треба да научите од нив. Ќе бидете чувствителни на она што другите го мислат и зборуваат за вас. Не ги сфаќајте премногу лично. Внимавајте на соработката со деловните партнери, бидете покоректни.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во фаза сте на материјална експанзија. Станавте вистински скржавец, кој само ги брои парите. Бидејќи имате многу издатоци, нема да дозволите лесно да ги потрошите парите. Направивте план и од тоа нема да отстапите. Можни се здравствени проблеми, предизвикани од лош метаболизам, па диетата е идеално решение.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Тешко ќе успеете да ги избегнете обврските. Правете паузи, но не се откажувајте и не ги одложувајте работите за во иднина. Не си ја префрлајте вината само на себе доколку нешто не успее. Ќе треба целосно да се посветите и да ги завршите обврските.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

На работа сте повеќе од одлични, работите многу и ги завршувате сите обврски навремено. Внимавајте да не ја вложувате сета енергија и да зачувате нешто и за останатите денови, бидејќи ви следат важни одлуки и разговори. Ќе бидете расположени за интеракција и остварување контакти.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе бидете неспокојни на работното место. Или нема да сте расположени да започнете со расчистување на обврските или атмосферата нема да ви дозволува да си ја вратите продуктивноста. Внатрешната нервоза може да предизвика непријатно да избувнете пред некој колега. Дајте се од себе за да го зачувате позитивното расположение.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес особено е важно од кој агол ги гледате работите. Радувајте им се на убавите случувања, но ако случајно направите грешка, не се разочарувајте. Гледајте на грешките како на можности од кои можете да учите за да станете уште подобри.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Нема да ви недостига мотивација за работа, но луѓето околу вас некако нема да бидат расположени да ве остават да се сконцентрирате. За да не се нервирате непотребно, предвреме подгответе се дека ве очекуваат пречки. Размислете реално дали вашите бизнис идеи се возможни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП