2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенфика влегува во трката за Мората

Бенфика влегува во трката за Мората

Alvaro Morata

Покрај екипите на Арсенал и Тотенхем, сега младиот напаѓач на Реал Мадрид го посакуваат и лисабонските „Орли“.

„Топчџиите“ сакаат да го земат младинскиот репрезентативец на Шпанија на позајмица до крајот на сезоната. Тотенхем моментално ја разгледува ситуацијата околу Мората, но Бенфика прва излезе со конкретна понуда за трансфер.

Според одредени медиуми во Шпанија, славниот португалски клуб е подготвен да издвои 7 милиони евра за младата надеж на Реал.

Мората излезе во прв план, затоа што се шпекулира дека Бенфика е на чекор да се договори со Зенит околу трансферот на Родриго за дури 35 милиони евра.

Сега се очекуваат реакциите на Арсенал и Тотенхем по ваквиот потег на „Орлите“, па затоа останува да се види што точно ќе се случи со кариерата на Мората.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП