2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ дава 80 милиони евра за Азар

ПСЖ дава 80 милиони евра за Азар

Stoke City vs Chelsea

Раководството на ПСЖ нема намера да се откаже од својата најголема зимска цел. Богатиот клуб прави се што може за да ја купи ѕвездата на Челзи, Еден Азар и тие нема да штедат средства за тоа да го сторат. Според „Daily mail“, „светците“ се подготвени да платат 80 милиони евра за во своите редовите да го доведат Белгиецот.

Од клубот се подготвени да го позлатат и Азар, па тие ќе му понудат многу повисока плата од онаа која добива од „сините“, иако во моментов тој е еден од најмногу платените играчи на Челзи.

Во моментов од Челзи не даваат никакви индикации за разделба со Азар. Менаџерот на клубот Жозе Мурињо изјави дека сака да се потпира на брзоногиот играч уште долго време и не му доаѓа на ум да го продаде.

Ако Челзи категорично ја отфрли понудата за Азар, од ПСЖ се подготвени да упатат понуда за него и во текот на летниот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП