27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОфицијално претставен Лексус РЦ Ф Купе(фото)

Официјално претставен Лексус РЦ Ф Купе(фото)

lex

Токио, 9 јануари 2014 (МИА) – Лексус официјално го претстави својот нов спортски модел РЦ Ф Купе, најавувајќи дека ќе биде придвижуван од најмоќниот В8 мотор што некогаш е развиен од компанијата.

lexu

РЦ Ф Купе премиерно ќе виде прикажан на Саемот на автомобили во Детроит. Лексус, сепак не објави детални технички информации, освен дека моделот ќе биде придвижуван од петлитарски В8 мотор со 460 коњски сили.

lexus

Новиот Лексус ќе забрзува од 0 до 100 километри на час за 4,5 секунди и ќе достигнува максимална брзина од околу 300 километри на час.

lexus-rc-f-

РЦ Ф ќе може дополнително да се добие со карбонски каросериски компоненети и активен заден спојлер.Внатрешноста има нова инструмент табла, спортски седишта со кожа и алуминиумски педали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП