4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал подготви 40 милиони за напаѓачот на Порто

Арсенал подготви 40 милиони за напаѓачот на Порто

Jackson+Martinez

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер продолжува со обидите да привлече нов напаѓач. Според весникот „A Bola“ главната трансфер цел на „топџиите“ е голгетерот на Порто, Џексон Мартинез.

Изданието дури и тврди дека англискиот клуб веќе упатил официјална понуда за 27-годишниот напаѓач. Предлогот е во вредност од 40 милиони евра – колку што изнесува ослободителната клаузула во договорот на колумбиецот.

Од Порто му нудат нов договор на Мартинез, нормално затоа што сакаат да ја зголемат оваа сума, но самиот фудбалер е против.

Тој се надева дека ќе премине во некој клуб од Англија уште до крајот на месецот, а не во текот на летото. Освен Арсенал, за голгетерот на Порто се интересира и Челзи.

Во оваа сезона Џексон Мартинез има 12 гола во 14 натпревари од португалското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП