27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПеро Антиќ со рекорд влезе во историјата на НБА

Перо Антиќ со рекорд влезе во историјата на НБА

antic

Перо Антиќ не само што влезе во историјата како првиот Македонец кој заиграл во најквалитетната светска кошаркарска лига, туку и во историјата на НБА лигата.

Антиќ кој на изминатите три натпревари на Атланта беше меѓу стартните петмина реализира вкупно 33 поени од кои девет „тројки“.

Со тоа Антиќ стана првиот играч во историјата на НБА лигата, кој постигнал најмалку 9 тројки во своите први три натпревари како стартен центар.

Досега Антиќ за Атланта има постигнато 110 поени на 25 одиграни натпревари или во просек по 4,6 по натпревар, придодавајќи по 2,9 скокови и по една асистенција просечно.

Кога во прашање се ударите за три поени Антиќ од вкупно 55 упатени удари кон противничкиот кош
погоди 22 „тројки“ има реализација од 37.9 проценти што е петти најдобар учинок од играчите
кои годинава дебитираа во НБА лигата.

Следниот натпревар Атланта ќе го игра во 1 часот и 30 минути по полноќ по македонско време кога пред својата публика ќе ја пречека екипата на Индијана екипата со најдобар учинок во досегашниот тек на сезоната на НБА лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП