5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЈапонскиот Јен конечно се стабилизира!

Јапонскиот Јен конечно се стабилизира!

japanese-yen-ETF

Јапонскиот Јен можеби не е популарна и достапна валута за нашите простори, но на Форекс Пазарот е една од главните водечки валути, која во претходната година беше број еден најтргувана валута која со рекордниот пад за последните 10 години им донесе неизмерни профити на “Волците” од финансискиот свет токму со продажбата на истата.

Форекс пазарот е најголем и најпопуларен пазар за размена на валути каде секоја институција или индивидуалец се во можност да тргуваат на едноставен начин, а со безусловните кредитни потпори кои ги овозможува Адмирал Маркетсможе многу лесно да се остварат поголеми профити посебно кај поголемите трендови на одредени валути, како што беше примерот со Јапонскиот Јен во претходната година.

На пример, инвеститорите и трговците кои го продаваа Јенот во однос на Еврото или Фунтата или поточно купуваа Евра и Фунти продавајки Јени, во изминатите две години во зависност од големината на капиталот кој го инвестирале на Форекс Пазарот оствариле профити во износ како на примерите долу:

Купувачи на Евро во однос на Јен:

eurjpyweekly

Купувачите на EUR/JPY со влезна цена од 94,40 со големина на трговски налози од 100 лота до највисоката достигната цена од 144,40 реализираа профити во износ од неверојатни 5 000 000 долари или еквивалентно на евра, купувачите со големина од 10 лота реализираа профит од 500 000 долари и помалите инвеститори со големина од 1 лот профитираа со износ од 50 000 долари за само една и пол година, а додека микро трговците со големина на налози од 0,1 лот профитираа до 5000 долари или најмалите микро трговци со големина на налози од 0,01 лот со профит од 500 долари.

Купувачи на Фунта во однос на Јен:

gbpjpyweekly

Инвеститорите кои купуваа Фунта во однос на Јен или GBP/JPY со големина од 100 лота профитираа со 5 500 000 долари, со големина од 10 лота профит од 550 000 долари, со големина од 1 лот профитот изнесуваше 55 000 долари, а микро трговците со 0,1/0,01 лот остварија профити од 5500/550 долари.

После овие статистики можеби ќе се отворат очите на некои од инвеститорите на нашите простори, но веќе е касно за реализација на било какви долгорочни инвестиции кај валутните парови кои го содржат Јапонскиот Јен како котирачка валута, со фактот дека достигна една рекордно ниска цена за последните години и таканаречено е пре-продаден или стручно “Oversold”, но секогаш постојат и други валути кои навлегуваат во големи трендови или профит може да се реализира и на краткорочни трендови на дневна и неделна основа.

Секогаш после еден долг тренд кај некој од финансиските деривати следува корекција или консолидација на цената, а како што објавивме во претходната аланиза токму за Јапонскиот Јен, цената веќе започна со корекцијата и забележува раст во однос на европските валути и американскиот долар.

Како наш предлог за краткорочно тргување во следните денови ви презентираме нови технички анализи:

 

Валутен пар USD/JPY:

usdjpy

Цената на USD/JPY забележува корекција и благ пад од највисокиот врв 105,50, претходните неколку дена ја проби и првата поддршка на 104,97 а од моменталната цена 104,35 се очекува продолжување на надолниот тренд се до појаката поддршка на цена 102,86.

 

Валутен пар GBP/JPY:

jhjhjhggg

Веројатноста за пад на GBP/JPY е зголемена како резултат на корекцијата која се очекува да трае повеќе денови и од моменталната цена 170,80 најверојатно ќе се спушти на една од појаките поддршки на цена 167,00.

За останатите валутни парови поврзани со јапонскиот јен важи сличната анализа!

 

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП