Челзи ќе направи нов обид да го привлече Вејн Руни од Манчестер Јунајтед, тврдат изданијата на Островот.
Според информациите, од Челзи се подготвени во овој момент да платат трансферна цена од 20 милиони фунти, а како причина за тоа е фактот дека англискиот репрезентативец се уште не го обнови договорот со „црвените ѓаволи“.
Сегашниот договор на ѕвездата на англискиот национален тим со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на следната сезона, но 28- годишниот напаѓач досега цврсто одбива да води дијалог со клубот за оваа тема.
Во изминатото лето напаѓачот сакаше да го напушти „Олд Трафорд“, а интерес имаше повторно од страна на Челзи. Но новиот менаџер на Јунајтед, Дејвид Мојс сепак претпочита да ја задржи својата ѕвезда во клубот.
Сега од Челзи повторно се решени да се обидат да купат Вејн Руни од Манчестер Јунајтед.