13 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРадувајте се Топџии, Арсен ќе троши во јануари!

Радувајте се Топџии, Арсен ќе троши во јануари!

arsenvenger15478

Тренерот на водечката екипа вo Премиер Лигата, јавно призна дека во јануари ќе донесе нови засилувања, за да ги зголеми шансите за освојување на титули.

Арсенал со победата над екипата на Кардиф ја задржа водечката позиција на табелата во најсилната лига во светот.

За да се осигура дека неговата екипа ќе продолжи да победува, Арсен Венгер ќе мора да го засили тимот во јануари, сметаат експертите.

Засилувања се потребни особено во напаѓачката линија, каде освен Жиру, и сега повредениот Бендтнер, „Професорот“ нема алтернативи.

Поради тоа, големи се инсистирањата Венгер, кој досега беше штедлив и внимателен, да продолжи со трендот на трошење пари, како што беше тоа случај со Месут Озил.

Навивачите не треба да се грижат, Венгер јавно призна дека ќе купува во јануари.

„Знам дека не можете за тоа да зборувате, но постои ли шанса да купувате во јануари“, беше запрашан Венгер.

Краткиот одговор „да“ многу го израдува Хју Визиа, страствен навивач на Арсенал.

Кога ќе ги прочита насловите во Англија, кои тврдат дека прв пик на тренерот на Арсенал е Димитар Бербатов, искусниот напаѓач на Фулам, а некогашен фудбалер на Тотенхем и Манчестеј Ј., можеби и нема да биде толку среќен.

Она што може да ги израдува навивачите на Арсенал е фактот дека на Бербатов му одговара зимата, и дека во јануари процентуално е најопасен во однос на останатите месеци од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП