14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо 27 години служба, Браида го напушта Милан

По 27 години служба, Браида го напушта Милан

Braida

Како што се очекуваше, спортскиот директор на Милан, Ариедо Браида го напушти клубот. Браида беше дел од раководството на „росонерите“ во последните 27 години, а заедно со Адријано Галијани реализираше голем дел од трансферите на „Сан Сиро“.

Уште пред неколку месеци стана јасно дека во клубот ќе влезат нови раководни кадри, на чело со Барбара Берлускони, кои ќе дојдат на сметка на „старите“.

„Ариедо Браида денеска го напушти клубот. Тој беше вреден кадар и соработник во текот на многу години, во кои клубот забележа престижни резултати“, соопштија од Милан.

„Му благодарам на претседателот Силвио Берлускони и на потпретседателот Адријано Галијани, кои беа до мене во последните скоро 28 години. Им посакувам се најдобро на навивачите на Милан и на оние кои го носат Милан во душата“, рече на проштевањето самиот Браида.

Сериозен интерес кон Браида има од страна на Сампдорија и Монако, но останува да се види каде тој ќе ја продолжи кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП