18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан е заинтересиран за Џеко?

Милан е заинтересиран за Џеко?

dzekota

Един Џеко беше заслужен за минималната победа на Сити против Кристал Палас и му докажа на Пелегрини дека може сериозно да смета на него. Сепак, репрезентативецот на Босна и Херцеговина сака поголема минутажа и поради тоа можеби во јануари ќе го напушти клубот.

Италијанските медиуми јавуваат дека Милан е заинтересиран за напаѓачот на Сити.

Иако Џеко беше единствениот стрелец за Сити на последниот натпревар, јасно е дека во овој момент Негредо и Агуеро имаат предност, а со враќањето на Јоветиќ, Џеко би можел да има уште помала минутажа.

Во Милан се свесни поради ова и сакаат да ја искористат новосоздадената ситуација, особено ако го продадат Марио Балотели во зимскиот преоден рок.

„Росонерите“ во Џеко гледаат идеална замена за Балотели, а во Милан сметаат дека Босанецот би можел да помогне да се промени очајната сезона која досега ја има тимот од „Сан Сиро“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП