29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.12.2013

Дневен хороскоп 30.12.2013

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Месечината во Стрелец совршено ви одговара. Верувате дека ќе можете да убедите некој Рак или Лав дека треба да ја прифатат вашата понуда во врска со заедничкиот пат. Ако веќе некаде сте отпатувале, веројатно ви е многу пријатно во друштво на личноста со која имате многу допирни точки. Внимавајте на финансиите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не ви одговара позицијата на Месечината во Стрелец, бидејќи се плашите дека нешто може да тргне на лошо во врска со пари или регулирање на нешто што се однесува на плаќање, или на вашиот статус на работа или во соработката со некој Рак, Стрелец или Јарец. Не инсистирајте да добиете мислење од оние кои не се искрени со вас или оние за кои не сте сигурни дека се добронамерни.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува одличен работен период. Се ви оди од рака, па можете да очекувате успех. Потрудете се да бидете посмирени и трезвено да носите одлуки. Немојте да мислите дека сте најпаметни. Единственото што треба да направите е да тргнете во акција. Некој Рак ви ја нуди неговата искрена помош.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Свесни сте за целта што е пред вас, затоа и трпеливо грабите кон целта. Обврските ги извршувате со зголемена доза концентрација. Мотивирани и амбициозни сте, затоа ќе успеете. Бидете позитивни и сe ќе дојде во вистинско време. Не размислувајте само на негативните работи, сфатете дека во животот има и нешто позитивно.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08) 

Нема да можете да седите на едно место ниту пет минути. Ќе се чувствувате како да седите на трње, па затоа постојано ќе бидете во движење. Празниците се на прагот и тоа ќе ви создава возбуда која нема да можете да ја контролирате. Уживајте во празничната треска.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работите обврски. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе ве обземе новогодишната еуфорија. Иако свесно се обидувате да се убедите дека празниците и не се нешто значајно, во вас ќе се создаде возбуда која ќе ги извади на површина вашите најдобри особини. Не им се противете на убавите чувства. Оставете ја возбудата да ве понесе и заразете ги сите околу вас со неа.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Лошо се организирате и си создавате беспотребни обврски. Планетите имаат големо влијание над вас, искористете го тоа. Намалете ги дневните активности и повеќе време посветете му на одморот. Разумно распределувајте ги парите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Морате да се приспособите на околината ако сакате да избегнете проблеми. Постојано сте опкружени со непријатни случки кои сакате да ги скриете од блиските. Не обвинувајте некого, сами сте виновни за таквата состојба. Лошо се организирате и си создавате беспотребни обврски.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе бидете особено чувствителни, најверојатно поради тоа што доаѓа крајот на годината. Ќе се навраќате на драгоцени спомени, а истовремено ќе ви ги насолзуваат очите сите непријатни настани за кои ќе прочитате. Не се изненадувајте. Вие сте хумана личност која секогаш сочувствувала со другите, само што сега тоа е повеќе изразено.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во хармонија сте со себеси и тоа доаѓа од добрата комуникација со околината. Егото ви е нахрането и имате многу среќни моменти. Покрај вас секогаш е партнерот, осаменоста тешко ја поднесувате. Нагласени ви се уметничките способности, очекувајте успех. Доминантни сте во односот со околината и имате вишок енергија. На крајот на денот ќе сфатите дека претеравте со сите активности.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да го започнете денот, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Не заборавајте дека годината одминува и дека ова се последните денови кога можете да креирате незаборавни спомени кои ќе ги понесете со вас во новата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП