18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус подготви понуда за Нани

Јувентус подготви понуда за Нани

Nani_GN

Раководството на Јувентус испрати понуда до Манчестер Јунајтед за купување на Луис Нани.

Предлогот на „старата дама“ е 18 милиони фунти за потписот на португалскиот репрезентативец. Во моментов Нани е повреден и се очекува да биде подготвен за игра во средината на јануари, кога се уште ќе трае трансфер прозорецот.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Дејвид Мојс објави подготвеност да се раздели со Нани, но само ако биде дел од евентуалниот трансфер на Пол Погба. Во оваа фаза слична размена тешко дека ќе се реализира, но не е исклучено да се дојде до договор само за Луис Нани.

Според информациите кои пристигнуваат од Англија, Манчестер Јунајтед е подготвен да се збогува со Нани за сума од 22 милиони евра.

Португалецот ја одработува својата седма сезона во Манчестер Јунајтед , каде што настапи на 224 средби и постигна 41 гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП