26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДачија 1300 - Концепт за 21-ви век

Дачија 1300 – Концепт за 21-ви век

dacia koncept

Во 1969-та, четири години откако Николае Чаушеску стана претседател на Романија, Дачија започна со производство на моделот 1300, во основа на моделот Рено 12, но само со друг знак.

Иако производството на францускиот модел престана во осумдесетите години, Дачија со развојот на 1300 продолжи цели 35 години, се до 2004-та.

dacia koncept1

Истата година наследникот пристигна во вид на моделот Логан, кој засега не успеа да го достигне култниот статус на 1300. Сепак, никој неможе да го обвини за тоа, затоа што на пазарот е само осум години.

Денеска ви го претставуваме концептот Дачија 1300, модерна интерпретација на овој класичен седан, дизајниран од страна на романскиот уметник Александру Марис.

dacia koncept2

За разлика од својот претходник, модерниот 1300 не е повеќе „народен автомобил“, туку луксузен седан, подготвен на пазарот да им се спротивстави на Ауди А7, Мерцедес С-класа и Порше Панамера.

Овој автомобил се очекува да го придвижува моќен V8 агрегат во комбинација со електричен мотор, а за разлика од оргиналниот 1300, кој имаше погон на предната осовина, современата верзија моќта би ја распределувала на задните тркала.

dacia koncept3

Би било навистина убаво ваков автомобил да заживее, но засега постои само имагинацијата на нејзиниот дизајнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП