27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПротекува најскапиот стадион во Бразил

Протекува најскапиот стадион во Бразил

Brazil Soccer WCup Draw

Нема крај на проблемите за организаторите на Мундијалот во 2014-та година. По протестите на граѓаните, загинувањето на неколку работници и доцнењето на изградбата, сега протекува најскапиот стадион.

На објектот во престолнината Бразилија, стадионот „Мане Гаринча“, чија изградба чинеше 508 милиони долари, протекува покривот!?

„Поради големината и комплекноста на објектот, неговите индивидуални делови се уште се испитуваат. Стадионот има петгодишна гаранција и сите дополнителни трошоци ќе бидат покриени“, рекоа од агенцијата „Sekopa“ која управува со стадионот.

Планирано е стадионот да има капацитет од 73.000 гледачи и на него да се играат шест средби од Светското првенство, меѓутоа на неодамна одиграниот натпревар меѓу женските репрезентации на Бразил и Чиле, долниот прстен на стадионот беше поплавен.

На шест од 12-те стадиони на кои ќе се играат натпреварите од Мундијалот се уште не се завршени работите, а три ќе го надминат предвидениот рок. Најлоша е состојбата на „Arenа de Sao Paulo“, за на кој е планирано отворањето на СП, пред неколку дена се сруши кран и уби две лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП