19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.12.2013

Дневен хороскоп 28.12.2013

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не сте подготвени да попуштите пред барањата на некој кој сметал на вас. Не влегувајте во расправии со ониe кои не се доволно зрели или кои имаат нешто против вас. Денес можете да бидете прилично сентиментални или носталгично расположени поради нешто што се однесува на вашиот успех во минатото. Имате можност да го повторите. Верувате дека ќе можете да се снајдете во некоја нова работа која би можела да ви донесе добра заработка.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе добиете шанса да освоите нечии симпатии и можеби ќе добите добра деловна понуда за која не можете ни да сонувате. Ќе бидете подготвени да влезете во некој недоволно разработен аранжман кој се однесува на странство или на медиумите, но на вас тоа нема да ви пречи. Не го кажувајте тоа што ги нервира другите, особено ако во вашата околина имате лица кои се чувствителни на секој збор. Бидете достоинствени и држете до себе. Можна е добра соработка со некој Лав.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Успеси во секојдневната работа, наоѓање на другите при рака, незаменливост кај некои личности кои ќе сакаат да комуницираат исклучиво со вас и само со вас, особено ако професионалната дејност и дневните активности подразбираат нега на некого или некои, во најширока смисла на зборот. Иако има навестувања во аспектите дека ќе се занимавате со личности кои не ви се достасани на некакво поле, токму тоа е и убавината да им помогнете токму на таквите. Но внимавајте на своето его и внимавајте на своето здравје во овие неколку денови.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес е за вас еден секојдневен ден во кој може да бидете многу успешни, активни и сето тоа убаво да ви се валоризира како финансиски, така и како респект на значајна личност, можеби некакви ветувачки муабети со неа, навестувања за можни промоции, промени и слично. Во секој случај, многу радост и веселба поради успешно завршување и финализација на некој вид на бизнис. Можеби и по некој ситен подарок како знак на внимание што сте му помогнале некому или сте го заложиле својот авторитет.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Бидејќи упорно настојувате да добиете од другите она што не се во состојба да ви го дадат, кавгата е неминовна. Се советува внимателност, и тоа не само кога се во прашање зборови. Обидете се аналитички да му пријдете на проблемот и да најдете за него оправдување. Доста ви е од трач и озборување. Се повлекувате во свој свет, па на мир анализирате се што ви се случува. Собирате сила за нови победи, а ќе имате победи за некој ден.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Бидејќи поседувате неуморна енергија, искористете ја како што треба. За почеток, учете да креирате односи со околината, но и други работи. Бидете подготвени да ги исполнувате туѓите желби, но ќе видите многу убави работи. Во фаза сте на донесување многу важна одлука. Одморете го вашиот мозок викендов, и понеделнички донесете ја вашата правилна одлука.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Со својот доминантен став се наметнувате. Бидејќи тој став не е доволно убедлив, многу пријатели и соработници нема да наседнат, туку ќе се обидат да го избегнат тоа. Пожелно е да се коригирате и да постапувате во согласност со сопствените квалитети и можности. Не сте баш во врвна форма. Причини за депресивна состојба има повеќе.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Со Стрелецот сте во чудна врска. Иако имате корист на прв поглед одлично функционирате, но слабо се разбирате. Тоа само вие го знаете. Причина за слабоста е во вашата премореност, морате да најдете начин да се релаксирате и да се одморите. Викендов е одличен за нешто такво. Во понеделник очекувајте понуда за соработка од некој Лав.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не знаете да лажете, но тоа не значи дека не можете да чувате нешто што ви е кажано само вам во доверба и немате никакво право да го расакажувате наоколу. Бидете претпазливи, бидејќи ќе сакате да бидете интересни пред некого, па да раскажете нешто што ви е доверено само вам. Од друга страна, можеби некој ќе ви побара некаква поддршка или помош, за која можеби и нема да бидете расположени. Сепак, дадете напор, бидејќи накоро и вие ќе имате потреба од истиот, можеби за слична работа.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Благодарение на вашиот дух кој е секогаш подготвен за акција, нижите само успеси. Ќе бидете во ситуација да донесете брза и правилна одлука. Пожелно е да го намалите темпото и да бидете повнимателни. Со Близнаци и Девици можна е идеална соработка. Од другите што подалеку.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Родените на почетокот на овој знак мораат посериозно да се позанимаваат со своите работи и да се вклучат во некаков проект кој би можел да им донесе подобри приходи. Ако сте предмет на критика, односно постои сомнеж за вас дека не сте доволно активни и дека не се ангажирате доволно во рамките на работата, не им забележувајте на оние кои ве критикуваат, наместо тоа од нивната критика извлечете го максимумот. Можна е обнова на соработката со некој Бик или Шкорпија.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Некави новости на деловен план можат да ви ја заскокоткаат мечтата за некакви бенефити кои може да ги имате но бидете претпазливи и не допуштајте премногу да ве обземат убави и розеви мечтаења, бидејќи на вашиот деловен и професионален план малку место има за такви мисли, знаете и самите. Всушност можно е редоследот на случувањата да ве разочара по својата содржина која може да е сосем поинаква од посакуваното. Ова истото се однесува и на односот со едниот родител, посебно ако после долго време на негова иницијатива сте ги подобриле односите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП