20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона се договори со германскиот репрезентативец

Барселона се договори со германскиот репрезентативец

ter-stegen-281013_0

Шпанскиот шампион Барселона постигна договор со германскиот младински репрезентативец и голман на Борусија Менхенгладбах, Марк-Андре тер Штеген.

21-годишниот голман е речиси сигурен наследник на Виктор Валдес кој најави заминување од „Камп Ноу“ на крајот на сезоната, но досега ниту еден од двата клуба не потврди дека се водат преговори.

Тер Штеген ќе потпише четиригодишен договор со каталонците, објави „Sport.es“. Се очекува шпанскиот гигант да плати 10 милиони евра за трансферот.

Како втора опција на голманската позиција се споменува Пепе Реина од Наполи, кој покрај тоа што се најавува како замена на Валдес, тој би бил и опција на втор голман, откако на крајот од сезоната од Барса ќе си замине и Пинто кој најави пензионирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП