8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал: Не сум опседнат со Ѓоковиќ

Надал: Не сум опседнат со Ѓоковиќ

RafaNadal

Најдобриот светски тенисер во моментов Рафаел Надал (Шпанија) и во 2014 година очекува голема борба за првата позиција со Новак Ѓоковиќ, но изјави дека не е опседнат со српскиот тенисер.

– Не сум опседнат со Новак Ѓоковиќ и верувам дека ист случај е и со него. Што се однесува до мене, никогаш не помислив да менувам нешто во тимот.

Со сегашните тренери бев заедно и во подемите и во падовите. Секако имавме повеќе успеси од неуспеси.

Не сум во позицијата на Ѓоковиќ па да знам зашто се реши на таков чекор. Сигурно имал причина за тоа.

Мое мислење е дека на 26-27 години тешко е да го менувате стилот на игра и не верувам дека тој тоа ќе го стори, е коментарот на Надал за потегот на Ѓоковиќ околу ангажирањето на Борис Бекер како главен тренер.

Шпанскиот тенисер по седум месечно отсуство поради повреда на коленото, на тениските терени се врати на почетокот од годинава, а во октомври се искачи на првата позиција на АТП листата, првпат по 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП