27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛанчиа Делта за 2014 година(фото)

Ланчиа Делта за 2014 година(фото)

lanci

Ланчиа објави фотографии и технички детали од редизајниарниот модел Делта што во проджаба во Европа ќе се најде на почетокот на 2014 година.

Во понуда ќе бидат три нивоа на опрема и три моторски изведби. Новата Делта има модифицирани браници, редизајнирани прагови и нов издовен систем со двојни завршетоци.

lancia

Ланчиа Делта сега е достапна со седишта обложени со перфорирана кожа во беж или црна боја.

Највисокото ниво на опрема Голд доаѓа со кожни седишта и средишен наслон за раце, сензори за паркирање, внатрешен ретровизор со автоматско затемнување и 17 инчни алуминиумски фелни.

lanio

Моторската понуда ја сочинуваат 1,6 литарски МултиЏет со 105 коњски сили, 1,6 литарски МултиЏетс со 120 коњски сили и 1,4 литарски ТурбоЏет со ЛПГ и 120 коњски сили со кој Ланчиа Делта од 0 до 100 километри на час забрзува за 9,8 секунди и може да развие 195 километри на час.

Почетната цена во Италија изнесува 22.950 евра за основниот модел опремен со 1,6 литарски турбо дизел со 105 коњски сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП