3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо Мундијалот Сколари ја презема Барса?

По Мундијалот Сколари ја презема Барса?

skolari barsa

Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Луис Фелипе Сколари на крајот на светското фудбалско првенство во 2014-та година би можел да седне на клупата на Барселона, објавија „AS“ по информациите на англискиот новинар од „Sky Sports“ – Греам Хантер.

Претседателот на каталонскиот клуб Сандро Росел има намера да се раздели со актуелниот тренер на тимот Херардо „Тата“ Мартино во текот на летото. Па шефот на Барселона сака да го привлече токму бразилскиот стручњак како наследник на Аргентинецот.

Според шпанските изданија Херардо Мартино не се чувствува добро во Шпанија, затоа е подготвен да го напушти клубот. Самиот тренер признал пред свои блиски, дека не е среќен на „Камп Ноу “.

Барселона се наоѓа на првата позиција во Примера со 46 поени, колку што има и вториот Атлетико Мадрид. Екипата се квалификуваше во осминафиналето во Лигата на Шампионите, каде што ќе се соочи со Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП