ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд побара 40 милиони фунти од Јунајтед за Марко Ројс

Дортмунд побара 40 милиони фунти од Јунајтед за Марко Ројс

Manchester-City-v-Borussia-Dortmund

Раководството на Борусија Дортмунд објави цена од 40 милиони фунти за трансфер целта број еден на Манчестер Јунајтед – Марко Ројс. Клаузулата за ослободување на полудефанзивецот од германскиот клуб е во износ од 29,4 милиони фунти, но „црвените ѓаволи“ ќе мораат да платат далеку повеќе , ако сакаат да го имаат халфот во своите редови.

Според информациите, договорот на Ројс е променет, откако Баерн Минхен ја активира високата клаузула за привлекување на Марио Гетце во текот на летото.

Менаџерот на Јунајтед, Дејвид Мојс неодамна изјави дека ќе бара квалитетни засилувања на секоја позиција. Во моментов, сепак не е познато со какви финансии ќе располага Шкотланѓанецот во зимскиот трансфер прозорец кој се отвора на 1-ви јануари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП