26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.12.2013

Дневен хороскоп 25.12.2013

zodiac222

oven1

 

ОВЕН (21.03 – 20.04)

Не би требало да ги игнорирате условите кои некој ви ги нуди, можно е да станува збор за работа во доменот на ПР или уметноста и ако имате впечаток дека животот ви е монотон, ќе мора малку да се потрудите да направите нешто за себе. Сите останати имаат повеќе доверба во вас отколку вие. Можете да очекувате интересни повици од повеќе страни и од различни лица, можно е некој интензивно да размислува за соработка со вас. Во областа на финансиите сте прилично нестабилни или сте загрижени од критиките од најблиските за тоа како ги трошите вашите пари.

bik1

 

БИК (21.04 – 21.05)

Месечината во Близнаци ви овозможува успешно да ја реализирате работата, особено ако сте лице присутно во јавниот живот. Бидете флексибилни во договорите со Вага или Рак. Еден Јарец ќе ви даде знак дека на него можете да сметате. Месечината во астролошкото поле за бизнис и комуникација е погодна за оние кои треба да се појават некаде на јавно место со некој кој потенцијално би можел да биде нивниот бизнис партнер.

bliznaci1

 

БЛИЗНАЦИ (22.05 – 22.06)

Месечината еднаш месечно престојува два и пол дена во вашата астролошка куќа на интуицијата и сега со полн сјај ви испраќа позитивни вибрации и оптимизам. Има многумина на кои можете да се потпрете, особено на некој Ракови или на некој Јарец. Месечината во Близнаци навестува можност за разговор со лица на некоја позиција, но со многу млади лица, а на вас тоа ви одговара бидејќи ќе бидете во можност да дадете предлози за кои сте уверени дека ќе бидат прифатени.

rak1

 

РАК (22.06 – 22.07)

На некого сте му многу драги, тоа може да е една Вага која ќе ви предложи заедничка работа. Иако делувате отворени, всушност прилично сте таинствени кога станува збор за нов бизнис, друштвени врски и сл. Ве нервираат оние кои се сомневаат во вашиот успех, не губете непотребно енергија на нив. Финансиите во овој период ќе бидат вашата најслаба страна.

lav1

 

ЛАВ (23.07 – 22.08)

Подготвени сте на отстапки, особено кога станува збор за Овен или Близнаци. Во пријателските односи сте исклучително фер и подготвени сте да се жртвувате за оние кои ви се драги. Вие сте во вашиот елемент особено ако денес се одлучите да решите некои прашања кои се однесуваат на големи пари, бидејќи денешната позиција на планетата Меркур во астролошкото поле на партнерските односи ви одговара. Ако сакате партнерски однос со некој кој долго време го познавате, особено ако станува збор за личност со добар углед, покажете иницијатива.

devica1

 

ДЕВИЦА (23.08 – 22.09)

Вашиот знак денес е под влијание на Месечината во Близнаци што придонесува со чувство на засилена креативност и ви овозможува да доживеете лична сатисфакција преку некоја работа во која од вас се очекува да поседувате личен шарм и добра способност во комуникацијата. Денешната позиција на Месечината која највеќе влијае на зголемената нервоза може да биде исцрпувачка за вас ако се занимавате со работа преку која доаѓате во конфликт со лица многу постари од вас.

vaga1

 

ВАГА (23.09 – 22.10)

Не прифаќајте понуди кои во ниту еден случај не ви одговараат, особено не ги прифаќајте понудите на некој Бик или Шкорпија. Ќе бидете нетрпеливи во работата со млади лица, иако вие всушност на нив се ослонувате. Ако постои нешто што не сте го направиле како што треба, денес можете јавно да говорите за тоа, денешниот ден е погоден за настапи во јавност. Венера и Плутон во Јарец рефлектираат партнерски односи на астролошко поле, обидете се да го пронајдете најдоброто решение.

shkorpija1

 

ШКОРПИЈА (23.10 – 21.11)

Не сакате да зборувате за вашиот фамилијарен живот со никого, иако многу работи ве мачат. Близнаците ви даваат на знаење дека ги нервира вашата амбиција, а на вас ви се чини дека за многу прашања не сте ни прашани.  Треба да бидете помалку чувствителни на критика. Можна е љубоморна сцена со вашиот партнер или несогласувања со соработниците и тоа со силна причина. Не му одолевајте на искушението да влезете во некоја нова работа од која очекувате добра заработка.

strelec1

 

СТРЕЛЕЦ (22.11 – 21.12)

Можете да остварите добра комуникација со оние кои се присутни во јавноста или со оние со кои често доаѓате во конфликт само ако го користите разумот како главно оружје, а не емоциите. Денес можете лесно да им поверувате на лицата кои себеси се презентираат во најдобро светло, но тие навистина се практични и рационални. Се обидувате да владеете со една прилично напната ситуација и не ви е јасно дали треба да настапите строго или да бидете помеки.

jarec1

 

ЈАРЕЦ (22.12 – 20.01)

Денес ќе забележите колку луѓе сакаат да бидат пријатели со вас. Тоа ќе биде така поради вашата способност за слушање кога некој зборува. Отворени сте кон туѓите идеи и не се навредувате дека некој пат никој не ги слуша вашите. Искористите ја вашата интуиција за да забележите кој меѓу луѓето има потреба од прегратка и утеха.

vodolija1

 

ВОДОЛИЈА (21.01 – 12.02)

Денешниот ден може да биде стресен ако не сте подготвени да се прилагодите на условите кои ви ги поставуваат Близнаците, Овенот или Девицата. Сепак, можете да очекувате дека добро ќе поминете дури и на работа, особено ако се занимавате со уметност и уживате во својата работа. Подготвени сте да се соочите со помалите проблеми од финансиската природа на начин на кој претходно не сте биле подготвени. Можеби ќе се обидете да тактизирате за да успеете да се изборите за подобар статус или зголемување на платата.

riba1

 

РИБИ (22.02 – 20.03)

Со многу ентузијазам пристапувате  во решавањето на практичните проблеми особено ако деловниот партнер ви ветил дека дел од обврските ќе ги преземе тој. Тој можеби очекува од вас да бидете малку понеодговорни, затоа дадете му на знаење дека тој може да смета на вас. Немојте премногу да се трудите да покажете дека сте подготвени да соработувате со некој со кој до скоро не сте биле во добри односи, бидејќи некој едвај чека тоа да се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП