Селекторот на Русија, Фабио Капело се договори со фудбалската федерација на оваа земја за нов договор кој ќе биде потпишан по божиќните и новогодишните празници.
„Капело замина за Италија за божиќните празници. По неговото враќање ќе биде закажан датум за потпишувањето на неговиот нов договор. Прашањето околу договорот е веќе решено“, објави задоволно Министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко.
67- годишниот стратег го презеде рускиот национален тим во текот на летото на 2012-та година и успеа да го пласира на Светското првенство во Бразил кое ќе се одигра следното лето од 12-ти јуни до 13-ти јули.
„Зборнаја“ на Мундијалот е во иста група со Алжир, Јужна Кореа и Белгија.