19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.12.2013

Дневен хороскоп 24.12.2013

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Верувате во можноста да се сретнетесо некој кој ви ветил некаква помош, можно да се работи за некој друг Овен. Ја игнорирате помошта од еден Бик, Рак или некоја личност која ви е многу драга, можно е да станува збор за колега со кој можете да остварите добра комуникација само ако сакате. Би можеле многу повеќе да заработите кога би покажале поголема иницијатива или ако сте подготвени да се вклучите во некоја нова рабoта со некој Лав.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Венера, владетелот на вашиот знак во движење преку Јарец ве прави попустливи но и непредвидливи. Во состојба сте лесно да стапите во контакт со оние кои ви се важни за работа но не сте подготвени да им го наметнете вашето мислење. Чувствувате потреба да ја проширите работата и соработката со странци. Вашите амбиции се големи но вие не сте претерано подготвени да бидете самокритични што може да ви донесе проблем во работата со Шкорпија и Јарец.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Меркур, планетата на комуникацијата, денес влегува во Јарец, вашиот сектор на пријателството и групните активности. Ќе добиете огромна желба да дебатирате и кога ќе најдете добри соговорници, нема да има крај на вашите разговори. Дадете максимален напор во врска со новите проекти, таму ќе запознаете нови соработници кои во иднина ќе ви помогнат многу.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во следниве три денови ќе ви биде тешко да се концентрирате на она што го правите затоа што мислите ќе ви талкаат на други места и ќе бидете малку збунети. Но, сепак, обидете се да се насочите кон работата, и заврштете ги сите обврски за оваа година. Некоја Вага ќе се обиде да ви даде многу добар совет, не ја игнорирајте.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не дозволувајте да победи паниката, мора да се борите ако сакате стравот да исчезне. Важно е да направите се што зависи од вас, бидејќи на повеќе околности не можете да влијаете. Поради нешто сте загрижени, но на крајот од денот ќе сфатите дека едноставно некои работи мораат да бидат такви како што се. Не се карајте со колегите, не сте секогаш само вие во право.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Наскоро следува сериозно преиспитување поврзано со вашите постигнати резултати. Мора да бидете јаки за да се соочите со тоа. Својата доминација ќе и ја наметнувате на околината. Од случувањата извлечете максимум, но не задоволувајте се само со тоа. Послушајте го советот на некој Бик, и не ја изневерувајте довербата на некој Рак.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Доколку сакате на мир да уживате во следните случувања, пожелно е оваа нервозата да ја ставите под контрола. Поминувате низ криза. Повеќе околности влијаат на расположението. Храбро го проверувате трпението, се обидувате да го одржите дадениот збор. Внимавајте на финансиите, трошите пари на непотребни работи.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Планирате да направите одредени промени во начинот на живот на почетокот на 2014 година, но Меркур денес ќе ве мотивира да започнете порано. Тој влегува во вашиот сектор на работењето и деловните контакти. Анализирајте каде најчесто грешите и обидете се тие грешки да не ги препишувате во иднина.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Немате веќе неограничен извор на енергија, па оттаму можно е аспектот на Месечината и Нептун да дејствува посилно, да ви го интонира денот. Можни се некакви случувања на вашето работно место, кои нема да ви бидат пријатни, некакви изговори или лага ќе ве разочараат или ќе ве иритираат од личности што нешто треба да сторат, да поправат, а се однесува на некакви барања од ваша страна за поголемо ангажирање и труд. Внимавајте овој ден за вас е максимално неповолен.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Настојувате сите да ги привлечете со вашиот шарм, што е невозможно. Деловните резултати се видливи, но бидејќи постои можност некој да ве изнервира, избегнувајте расправии и водете сметка помалку да озборувате. Некои Близнаци се надеваат на вашата поддршка.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Некој ќе ви даде конкретна понуда кога станува збор за работа која може да биде ветувачка. Се чувствувате добро во друштво на интелектуалци и личности со кои имате за што да разговарате. Ви прилега друштво на млади лица но и друштво од стари и искусни лица. Верувате дека вашиот талент насокоро ќе дојде до израз. Марс во Вага ве прави малку пасивни, очекувате некој да ви понуди работа во која ќе можете да просперирате. Ќе добиете понуда од некој Овен.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес ќе бидете насочени кон остварување на вашите амбиции, па затоа соберете храброст и преземете мал ризик за да се доближите до она што го сакате. Колку поотворена комуникација практикувате, толку поефективно ќе можете да ги исполнувате обврските во текот на денот и полесно ќе се справувате со нетрпеливоста и избувливоста на околината. Некоја Водолија ви прави сплетки, игнорирајте ја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП