2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот DS3 Cabrio Racing ќе се произведува во ограничена серија (фото)

Концептот DS3 Cabrio Racing ќе се произведува во ограничена серија (фото)

citroen-ds3-racing-concept

Францускиот производител на автомобили одлучи концептот што беше претставен во јули 2013-та година, на манифестацијата „Goodwood Festival of Speed“, да влезе во сериско производство.

„Citroen“ претстави уште еден ексклузивен модел од серијата „DS“. Станува збор за моделот „DS3 Cabrio Racing“ кој според најавите од компанијата ќе започне да се продава од јануари 2014-та година, но во ограничен број на примероци.

Засега не е познат бројот на автомобили кои ќе излезат од производните погони на „Citroen“, но колку за потсетување, производството на хечбек верзијата на „DS3 Racing“ беше ограничено на 1.000 примероци.

citroen-ds3-racing-cabrio-9

Како што можеме да забележиме производниот модел практично не се разликува од концептот. „Citroen“ се пофали дека и покрај подвижниот покрив, „DS3 Cabrio Racing“ ќе биде само 25 килограми потежок од хечбекот.

Возилото е обоено во специјална, нова мат темно сива боја – „Moondark“, во комбинација со црн покрив и 18-инчни „Nemesis“ алуминиумски бандажи фелни, а на вратите се истакнуваат вертикалните пурпурни шари.

Citroen-DS3-Racing-Cabrio-143

Од компанијата истакнаа дека за погонот на овој автомобил ќе биде задолжен четирицилиндричен 1.6-литарски турбо-бензинец со 210 ks (154 кW), кој ќе му овозможи брзината од 0 до 100 km/h да ја развие за 6.5 секунди.

Од „Citroen“ засега не објавија по која цена ќе се продава овој модел и на кои пазари прво ќе се појави, но љубителите на брзи и кабриолет возила добија уште еден модел за кој може да се одлучат да го купат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП