3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛондонското дерби Арсенал - Челзи заврши без голови

Лондонското дерби Арсенал – Челзи заврши без голови

premier

Дербито на 17.коло вo Премиер лигата одиграно синоќа меѓу градските ривали од Лондон Арсенал и Челзи заврши без победник и без голови 0:0.

И двете екипи имаа неколку шанси за промена на резултатот, но сепак мрежите на „Емирати“ мируваа.

Во првиот дел за Челзи Френк Лампард ја погоди пречката, а во финишот од натпреварот Оливие Жиру и Бакари Сања (Арсенал) имаа шанси за гол, но одбраната на „сините“ интеренираше.

Арсенал по трите натпревари без победа со два освоени бода му го препушти првото место на Ливерпул, кој има подобра гол разлика со ист број бодови.

Челзи со освоениот бод го мина Евертон на табелата исто така со подобра гол разлика.

Табела: Ливерпул 36 бодови, Арсенал 36, Манчестер Сити 35, Челзи 34, Њукасл 30, Тотенхем 30, Манчестер Јунајтед 28,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП