24 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛопез е можна замена за Чех!?

Лопез е можна замена за Чех!?

lopez diegoo

Менаџерот на „сините“ од Лондон, прво го промовираше во стартер на сметка на Икер Касилјас, сега „Специјалниот“ сака да го доведе голманот на Реал во редовите на Челзи.

Диего Лопез според замислата на Мурињо би требало да го наследи Петар Чех во наредната сезона, што значи дека Куртоа ќе добие вистински ривал во борбата за место во тимот.

Актуелниот голман на Челзи, Чех е на крајот на кариерата, па Португалецот веќе стапи во контакт со Лопез за да го убеди да се пресели во Лондон.

Останува да видиме како Реал ќе реагира на ова, ако Касилјас не си замине во јануари, тогаш налето ситуацијата би можела да биде многу тензична поради големиот притисок на јавноста „Сан Икер“ да се врати на голот.

Лопез кај Мурињо пред една година беше промовиран за стартер, а интересно што таа позиција ја задржа и кога на клупата пристигна Карло Анчелоти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП