4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo FH16 со Euro 6 мотор пристигнува во пролетта 2014-та

Volvo FH16 со Euro 6 мотор пристигнува во пролетта 2014-та

vovlo kamionce

„Volvo FH16“, како водечки модел на компанијата „Volvo Trucks“, ќе биде претставен во конфигурација со „Euro 6“ погонски агрегат во текот на пролетта 2014-та година. Овој камион ќе го придвижува 16 литарски мотор од новата генерација, кој целосно е во согласност со новите стандарди за емисијата на издувни гасови.

Новиот асортиман на „Euro 6“ моторите има три верзии на излезна моќност: 750 KS (максимален вртежен момент од 3.550 Nm), 650 KS (3.150 Nm) и 550 KS (2.900 Nm).

Сите три мотори се произведуваат во комбинација на „I-Shift“, автоматскиот менувач на „Volvo“. Верзијата од 550 KS ќе биде на располагање и со вртежен момент од 2.800 Nm во комбинација со мануелен менувач.

„Горди сме на тоа што успеавме да ги исполниме барањата за „Euro 6“, a истовремено да ги задржиме најдобрите возни карактеристики и перформанси кои постојат на пазарот“, вели Кристин Сигнерт, менаџер за возила за долголиниски операции во компанијата „Volvo Trucks“.

Моделот „Volvo FH16“ се користи како товарно возило, потоа за транспорт на дрво, како и за брз транспорт на долги растојанија, како што е превозот на храна. Најновата верзија на овој камион беше претставена во текот на есента 2012-та година.

18 месеци подоцна, „Volvo FH16“ преминува на „Euro 6“ и со значително пониска емисија на азотни оксиди и цврсти честички.

Продажбата на „Volvo FH16“ со „Euro 6“ мотор започнува во март, додека почетокот на производството е планирано за јуни 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП