3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОJувентус и Интер во „битка“ за Ламела

Jувентус и Интер во „битка“ за Ламела

erik lamela

Името на полудефанзивецот на Тотенхем, Ерик Ламела се најде во трансфер листите на два италијански гиганти. Халфот е посакуван од тимовите на Јувентус и Интер, информира „Tuttosport“.

Според гласините, „старата дама“ во договорот може да го вклучи и напаѓачот Марко Вучиниќ, кој може да замине во Лондон како позајмен играч.

Вториот клуб кој се интересира за Ламела е екипата на Интер, која со новиот сопственик Ерик Тохир има многу амбициозни планови за „нероаѕурите“.

Ерик Ламела не си обезбеди стартно место во составот на Тотенхем и од почетокот на сезоната има настапено на 6 натпревари во првенството на Англија.

Во медиумите се појави информација дека полудефанзивецот не бил посакуван од Андре Вилјаш-Боаш во составот, но се уште не е позната иднината на фудбалерот, дури и по отпуштањето на Португалецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП