3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПромоција на дресовите на ракометната репрезентација на Македонија

Промоција на дресовите на ракометната репрезентација на Македонија

pres

Ракометната Федерација на Македонија денеска на ја промовираше новата опрема што репрезентативците ќе ја носат на натпреварите на Европското првенство во Данска.

Дресовите се во црвена, основниот и жолта и бела боја резервните.

– Сакам да го изразам задоволство што ја продолжуваме соработката со Орка Холдинг и „Ли Нинг“, па во Данска одново ќе ја носиме истата опремата, истакна на денешната прес-конференција претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

На прес-конференцијата беше објавено дека продолжува и соработката на националниот тим со „Аџибадем Систина“ во областа на медицинските услуги.

Двајцата репрезентативци Филип Лазаров и Филип Миркуловски изразија задоволство од продолжување на соработката со „Орка“ и со „Систина“.

– Во името на сите репрезентативци сакам да го изразам задоволството со продолжувањето на соработката со „Аџибадем Систина“, таа соработка за нас е од огромно значење, рече Лазаров.

– Со влегувањето на спонзорите почнаа и нашите успеси, тие носат професионалност што на нас како спортисти ни е многу потребна. Опремата на „Ли Нинг“ ни донесе среќа во Србија, се надевам дека тоа ќе биде случај и во Данска, додаде Миркуловски.

Европското првенство во Данска ќе се одржи од 12 до 26 јануари 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП