11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСимеоне бара замена за Коке

Симеоне бара замена за Коке

koke simeone111

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е свесен за можноста во јануари да остане без еден од своите најдобри играчи, па поради тоа тој веќе бара соодветна замена.

Како евентуален наследник на Коке, Аргентинецот гледа во фудбалерот на Марсеј, Метју Валбуена.

Веќе подолго време Коке е посакуван од неколку екипи, како во Шпанија, така и во остатокот од Европа.

Шампионот на Шпанија е еден од најзаинтересираните, но се споменуваат и тимови од Островот, а како главни претенденти за потписот на Коке се споменуваат Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Доколку младиот Шпанец се одлучи да го напушти Атлетико и да премине во некој друг клуб, „јорганџиите“ веќе „пикираа“ неколку играчи кои ќе го заменат.

Според последните информации, Симеоне го посакува играчот на Олимпик од Марсеј, Метју Валбуена.

Францускиот репрезентативец претходно изјави дека би сакал да игра за Арсенал, но дека „топџиите“ за сега имаат други приоритети и тешко дека ќе дојде до тој трансфер.

Валбуена е член на Марсеј од 2006-та година. Тој смета дека дојде време да го направи следниот чекор во кариерата, а заминувањето во Атлетико Мадрид би можело да биде токму тоа, бидејќи екипата на Диего Симеоне игра се подобро од година во година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП