28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.12.2013

Дневен хороскоп 21.12.2013

zodiac111

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ви одговара позицијата на Месечината во Лав и Сонцето во Стрелец бидејќи позитивно влијае на огнениот аспект во вашиот знак поттикнувајќи желба за дружење. Очекувате да ви се јави една Водолија со која секогаш добро сте се согласувале. Не би требало претерано да се оптеретувате со тоа што една Шкорпија или некој Јарец го мислат за вас. Плутон од Јарец ја поттикнува вашата амбиција и упорност. Бидете истрајни во спроведувањето на своите планови.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вие сте силни и борбени личности, но денес Месечината ќе ја истакне вашата нежна страна. На професионален план не се трудете да бидете премногу строги и ладни, поврзете се со колегите и соработниците преку споделување на лични искуства и преку хумор. Најдобро ќе се чувствувате во домашна атмосфера, а не е исклучено да бидете дел од семејна прослава.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе бидете едноставно неодоливи. Ќе плените со остроумност и подготвеност за преземање на смели потези. Нема да дозволите други да ве ограничуваат и бестрашно ќе го покажувате вашиот немирен дух. Изразете се без воздржување, ова е ваш ден, ова е ден за незаборавни моменти.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Постојано реагирате со бурни реакции за кои немате оправдание. Вклучете ги разумот и комуникацијата во секојдневието. Доколку планирате конкретна акција бидете внимателни некој може непријатно да ве изненади. Преземањето на некаков ризик ќе ви се исплати и на крајот на денот ќе има за што да прославите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од денот ќе ви донесат голема насмевка на лицето.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Никој нема да може да ви ја украде насмевката од лицето. Ќе бидете расположени за дружење и забава, па ќе занемарите некои обврски за да си ги исполните желбите. Денес ќе се уверите колку е важно да бидете искрени со луѓето кои сакате засекогаш да останат во вашиот живот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Повеќето припадници на овој знак ги придвижува желбата за докажување и успех. И самите чувствувате дека се менуваат односите во деловното опкружување, а вие сте тука некаде дали со знаење, или со издржливост. Влеговте во еден подолг период кој ќе доминира и во наредните два месеци кога би требало да го остварите својот деловен сон. Повторно ви се дава можност да добиете подобро работно место или место на кое сте работеле и сте биле задоволни.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Во вас ќе се разбуди натпреварувачкиот дух. Немојте да ги туркате другите за да излезете први. Бидете фер. Но, немојте ни да се прикривате, па некој друг да блесне пред вас. Ќе зрачите со смиреност и ќе ширите спокојство. Денешниот ден поминете го заедно со семејството, уживајте, дружете се, гледајте некој добар филм и радувајте се.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Возбудени сте затоа што наскоро ќе настапи голема промена во вашиот живот и вие го знаете тоа. Искористете го викендот за да се релаксирате и да размислите сталожено за деталите. Преголемата возбуда може да направи да заборавите некои важни нешта кои го бараат вашето внимание.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекува добивка и можност за успешно креирање или практично приспособување на работните планови. Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности. Важно е да бидете правилно информирани за новите случувања на работната сцена и да нудите практични решенија од заеднички интерес. Внимавајте некоја Вага сака да ги сруши вашите планови.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Во текот на денот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го денот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП