2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши сагата, Суарез останува на „Енфилд“

Заврши сагата, Суарез останува на „Енфилд“

luis dogovorce

Вистински божиќен подарок, неколку дена пред празникот, добија навивачите и раководството на Ливерпул.

Тоа стана јасно откако ѕвездата на Ливерпул, Луис Суарез потпиша нов договор со „црвените“. На овој начин 26-годишниот уругвајски репрезентативец практично стави крај на шпекулациите во врска со неговата иднина во клубот, поврзани претежно со клаузула во претходниот договор на голгетерот, околу која имаше различни толкувања.

Според информациите од клубот, договорот на Суарез со Ливерпул е „долг“, а условите во него не се откриваат.

„Среќен сум поради тоа што потпишав нов договор со Ливерпул и мојата иднина е обезбедена за подолг временски период. Имаме одлични играчи и тимот созреа и се подобрува постојано. Верувам дека можеме да освоиме трофеи и да ги исполниме своите амбиции да играме на највисоко можно ниво со Ливерпул. Мојата цел е да му помогнам на тимот да го постигне тоа“, изјави Суарез по потпишувањето на договорот.

„Ние сме посветени на тоа да ги задржиме најдобрите фудбалери и тоа е показател дека се движиме во вистинската насока и со потребното темпо. Клубот прави огромни чекори напред во последните години и ние сакаме да донесеме успеси за нашите поддржувачи кои тоа го заслужуваат“, изјави сопственикот на Ливерпул, Џон Хенри.

Во летото Суарез беше вмешан во исклучителна трансферна сага, откако изјави дека сака да го напушти Ливерпул во насока кон тим кој обезбедил учество во Лигата на шампионите. Арсенал и Реал Мадрид беа фаворити за потписот на напаѓачот, а тимот од Лондон дури предложи конкрента понуда во износ од 40.000.001 фунти, но таа беше отфрлена од раководството на „црвените“, кои не дозволија најдобриот фудбалер да го напушти тимот на Брендан Роџерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП