3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВилјаш-Боаш го менува Алегри во Милан?

Вилјаш-Боаш го менува Алегри во Милан?

avb

Довчерашниот тренер на Тотенхем, Андре Вилјаш-Боаш најверојатно следното лето ќе ја превземе екипата на Милан, пренесува лондонски „Тајмс“.

Договорот на сегашниот стратег на „росонерите“, Масимилијано Алегри, истекнува на крајот од годината и со сигурност управата на клубот нема да му понуди продолжување на соработката.

Вилјаш-Боаш неодамна доби отказ од функцијата менаџер на Тотенехм поради лошите резлутати, а наводно челниците на Милан веќе стапиле во контакт со него.

Португалскиот стратег побарал од луѓето од италијанскиот гигант малку време за сериозно да размисли за опцијата, тој да пристигне на „Сан Сиро“.

Милан оваа сезона успеа да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите, но во Серија А го зазема 10-то место со 19 бодови, 24 помалку од лидерот Јувентус.

Викендов на „Џузепе Меаца“ се игра големото миланско дерби меѓу Интер и Милан, а според информациите кои пристигнуваат од Италија, евентуален неуспех на овој дуел може да биде последен за Алегри како тренер на „росонерите“.

Инаку за Вилјаш-Боаш животот во Италија, поточно во Милано му е добро познат, затоа што тој беше дел од стручниот штаб на Жозе Мурињо додека тој беше тренер на Интер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП