3 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.12.2013

Дневен хороскоп 20.12.2013

horoskop1

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Подготвени сте да ризикувате кога станува збор за нова работа, а Месечината во Лав ве прави подготвени да го направите она што од вас се очекува и да се прилагодите на темпото за работа кое ви го наметнува некој друг Овен, или можеби Шкорпија или Јарец. Некој Стрелец или една Вага би можеле да ви дадат идеја во врска со некоја нова работа. Нема да дозволите да ве провоцираат, без оглед за што станува збор.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Марс во Вага ве прави подготвени да ризикувате кога станува збор за некоја нова работа, а Месечината во Лав ве прави подготвени да го направите најдоброто, како и што се очекува. Вашите колеги ќе имаат недоверба во вас, но тоа на крајот на денот ќе се промени и ќе добиете извинување. Вашата ангажираност е голема, очекувајте зголемен профит. Во овие десетина дена внимавајте на кого му верувате, ќе се појават некои лица кои ќе сакаат да го заземат вашето место.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Мора да бидете поупорни и посигурни, тоа го бараат моменталните околности. Многу деловни обврски ви го одвлекуваат вниманието од емотивното незадоволство. Вашиот проблем е тоа што не верувате во себе. А, да бидеме реални и не сте баш за верба. Обидете се да внимавате и да ги промислувате сите постапки кои планирате да ги направите. Побарајте совет од некоја Вага, денес таа ќе ви помогне.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Промените се природен тек на околностите. Може наеднаш настанале, па поради тоа ви е тешко. Не сте расположени за работа. Ви одговара работа поврзана со уметност и со комуникација. Обидете се да гледате попозитивно на работите, наредниот период е тежок кога станува збор за финансиите, затоа не се опуштајте во пазарењето за новогодишните празници.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Наредните денови може да донесете непромислени одлуки и да одите со глава низ ѕид. Најлошо од се е што околината има последици од вашето непромислено однесување. Соработниците тешко го следат вашето темпо. Амбициозни сте и растрчани на сите страни. Избегнувајте конфликтни ситуации со колегите, бидејќи вие ќе загубите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Оваа недела малку ќе здивнете и ќе се ослободите од тензиите. Креативноста ви е нагласена, па успех ќе имате во сите области поврзани со уметноста. Пишувајте и занимавајте се со филозофски теми. Некои странски лица се обидуваат да стапат во контакт со вас, обидете се да го слушнете нивното мислење, ќе добиете добра награда.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Овие денови ќе бидете во ситуација да повлекувате правилни потези и да донесувате успешни заклучоци. Занимавајте се со работа поврзана за договори, учење и се што има врска со јавноста. Успехот е очигледен. Ви претстои можност за одлична соработка со некој Рак, внимавајте тој е премногу чувствителен, попуштете му во некои размислувања.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Очекувате повик од некој кој живее во странство и веројатно ќе ви се јави, можно е да станува збор за некој Рак, Стрелец или Риба. Имате впечаток дека некој има нешто против вас и дека е подготвен да ви направи некоја сплетка на работа. Некој Бик, Рак или Јарец се обидуваат да ви дадат корисен совет, но тоа до вас не допира. Имате на кого да се потпрете, особено ако сте подготвени да разговарате за некоја нова работа со некоја Шкорпија. Можна е вест за добивка.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Во одлична форма сте. Планетите ве штитат на тој начин што ви испраќаат позитивна енергија и позитивни случувања. Внимавајте да не се активирате и да ја пропуштите добрата шанса. На работата не можете да се пожалите. Имате премногу обврски и тоа во време кога не е сезона за тоа. Но, ќе заработите добра сума и ќе почнете нови проекти.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе се разбудите полни со ентузијазам и мотивираност. Денес нема да има граници за вас – ќе постигнете се што ќе наумите. На работа сите ќе посакаат да го земат вашиот пример, обидете се да останете такви до крајот на работното време. Некој Бик е отворен за деловна соработка со вас, внимавајте тој ја сака сигурноста, не сака детски работи.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Влевате надеж во нешто, но имате погрешна претстава. Се надевате дека ќе ви бидат вратени некои пари кои одамна сте ги позајмиле, но не ги планирајте, тие едноставно ќе доцнат.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Поради нешто сте вознемирени, работите не ви се поставени на свое место. Одличен ден за склопување договори и за деловни реформи. Се ќе биде поуспешно отколку што замислувавте. Но, тоа не значи дека финансиите ќе ви бидат сјајни, пробајте да им одолеете на слатките излози од продавниците, и заштедете некој денар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП