6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо го сака Игуаин во Челзи

Мурињо го сака Игуаин во Челзи

muo gonzalo

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо има голема желба во својот тим да го доведе напаѓачот на Наполи, Гонзало Игуаин, тврди португалското издание „А Бола“.

Според информациите, „Специјалниот“ сака повторно да соработува со аргентинскиот голгетер, со кого работеше за време на неговиот престојот во Реал Мадрид. Тој дури имал и подготвено солидна понуда, со која се надева дека ќе ги убеди шефовите на „неаполитанците“ да го продадат Аргентинецот.

Игуаин премина на „Сан Паоло“ во текот на летото за сума од 34 милиони фунти. 26-годишниот играч се претставува повеќе од добро во дресот на новиот тим, а досега тој на 15 натпревари во Серија А, осумпати ги тресеше противничките мержи.

Се очекува раководството на Наполи да побара доста повеќе пари, доколку се согласат да го пуштат Игуаин да замине на „Стемфорд Бриџ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП