4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ не се откажуваат од Алонсо

„Ѓаволите“ не се откажуваат од Алонсо

cabi alonso a

Шпанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед ова лето на „Сантијаго Бернабеу“ испрати понуда тешка 40 милиони евра за Чаби Алонсо, но таа беше одбиена, а сега подготвуваат нова офанзива за Шпанецот.

„El Cofidenical“ пишува дека управата на Реал се размислувала околу многу великодушната понуда од „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок, но и дека во Манчестер Јунајтед не се откажале од Чаби Алонсо и ќе се обидат да го доведат во јануари.

Договорот на искусниот Шпанец со „кралевите“ истекува на крајот на сезоната, но преговорите за продолжување на соработката одат многу бавно и можеби оваа зима е последна шанса да се заработат нешто на него.

Чаби Алонсо остави длабок белег во англискиот фудбал носејќи го дресот на Ливерпул. Тој со „црвените“ го освои пехарот во Лигата на шампионите во 2005-та година, а меѓу навивачите има статус на легенда.

Тоа што на „Енфилд Роуд“ сигурно не би го посакувале е тоа тој да тргне по стапките на Мајкл Овен и на „стари години“ да заигра во редовите на најлутиот ривал, особено во моментов кога подобро стојат на таблета од „ѓаволите“.

Во трката за доведување на 32-годишниот Шпанец би можел да се вклучи и Челзи. Мурињо премногу го цени Алонсо и добро соработуваат за време на неговиот тренерски мандат на „Бернабеу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП