3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМартино си заминува од Барселона!?

Мартино си заминува од Барселона!?

tata martino barsa

Тренерот на Барселона Херардо Мартино размислува да го напушти клубот на крајот на сезоната. Оваа сензационална вест денеска ја објави каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“, повикувајќи се на аргентинскиот новинар Фабијан Годо.

Според информациите, Мартино не успеал да се адаптира на клубот и животот во Барселона. Стратегот се пожалил пред своите блиски, дека се покажал неподготвен за работа под силен медиумски притисок.

Заедно со тоа, на Мартино му е преку глава од постојаните споредби со Пеп Гвардиола и од постојаните критики на своја адреса. Токму поради овие причини, аргентинецот би требало да остане на „Ноу Камп“ до крајот на сезоната, а потоа да си ги собере куферите и да се врати во својата татковина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП