2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДве опции за Касилјас?

Две опции за Касилјас?

ikercoov

Разделбата е се поблиску, Икер Касилјас најверојатно ќе го напушти Реал веќе во јануари?

Како што одминува сезоната се чувствува дека Касилјас тешко дека ќе добие шанса за настап, а сега и натпреварувањето во Лигата на шампионите е завршено, па во наредните неколку месеци, со исклучок на Купот, тој ќе биде на клупата за резервни играчи.

Селекторот Дел Боске веќе му соопшти дека нема да биде прв голман во Бразил, доколку не биде стартер во редовите на „кралевите“, па одличниот голман има желба во јануари да ја промени средината.

Како што сега стојат работите, единствено Англија доаѓа во предвид, а Арсенал или Сити се најверојатните опции.

Во Лондон сега не се толку многу „загреани“ за него, затоа што Шчесни брани одлично во последно време, па Сити би бил идеалното решение за шпанската „единица“.

Пелегрини е незадоволен од Џо Харт, па така Касилјас со сигурност би бил прв голман, но тој нема да може напролет да настапува во Лигата на шампионите, но може да биде стандарден во првенството со што ќе го исполни условот на шпанскиот селектор.

Нормално пречка во евентуалниот трансфер е Реал, но веројатно нема да има никаков проблем, доколку Касилјас одлучи да си замине.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП