1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорис Бекер нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Борис Бекер нов тренер на Новак Ѓоковиќ

bbng

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер е новото лице во стручниот штаб на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Според пишувањата во српските медиуми соработката на вториот светски рекет Ѓоковиќ со новиот тренер ќе започне следниве денови кога ќе стартуваат со подготовка за првиот Грен Слем во 2014година „Австралија Опен“.

Бекер освен во Мелбурн ќе патува со Ѓоковиќ и на турнирите во Дубаи, Мајами, Монте Карло, Рим, Париз (Ролан Гарос), Лондон (Вимблдон), Синсинати, Њујорк (УС Опен), Шангај, Париз (Мастер) и Лондон (Мастер).

Германецот кој своевремено беше прв на АТП листата има освоено 64 АТП титули од кои шест се победи на Грен Слем турнирите.

– Горд сум што добив покана од Ѓоковиќ да бидам негов главен тренер. Верувам дека можеме да постигнеме големи резултати и ќе направам се што можам за да му помогнам во походот кон нови титули, изјави Бекер.

Во стручниот штаб на српскиот тенисер останува и досегашниот главен тренер Марјан Вајда.

Тој во улога на тренер ќе го предводи Ѓоковиќ на турнирите во Индијан Велс, Мадрид, Торонто и Пекинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП