3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуис Суарез e подготвен да започне преговори за нов договор

Луис Суарез e подготвен да започне преговори за нов договор

Luis Suarez Signs New

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез е подготвен да започне преговори за нов договор со клубот.

Според информации на „The People“, агентот на фудбалерот пред крајот на годината ќе пристигне на „Енфилд“ за да ги започне разговорите со шефовите на „црвените“. Се очекува Уругваецот да добие солидно зголемување на платата, а најверојатно неговата неделна плата ќе изнесува околу 120 илјади фунти, под услов Ливерпул да заврши во првата четворка.

За сметка на тоа, Суарез ќе мора да се обврзе со „црвените“ во наредните четири или пет години.

По се изгледа дека Суарез веќе ја надмина кризата од летото кога сакаше да си замине од „Енфилд“. Интерес кон него има уште од страна на Барселона, Реал Мадрид и Арсенал.

Се очекува, сепак во неговиот нов договор клаузулата за откуп да биде сериозно зголемена со што конечно ќе бидат одбиени евентуалните купувачи. Во моментов таа е 40 милиони фунти, но најверојатно ќе биде зголемена за три пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП