17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи во Крул и Беговиќ го бара наследникот на Реина

Наполи во Крул и Беговиќ го бара наследникот на Реина

Pepe+Reina

Раководството на Наполи веќе ги загледува опциите за нов голман. Во моментов стартер на голот на неаполитанците е Хозе Реина, но тој настапува во клубот како позајмен играч и веќе изјави дека многу се мали шансите да остане на „Сан Паоло“ по крајот на сезоната.

Поради тоа, спортско-техничкиот штаб веќе бара потенцијален негов заменик, а во моментов како најсериозни кандидати се споменуваат Тим Крул од Њукасл и Асмир Беговиќ од Стоук Сити.

Тренерот на Наполи, Рафаел Бенитез добро ги познава квалитетите на овие двајца голмани од престојот во Англија и поради тоа ги свртел погледите, токму кон нив. Освен тоа и двајцата покажаа дека се во одлична форма во последните сезони и докажаа дека имаат доволно квалитети.

Според други информации, во листата на Бенитез е уште и Тибо Куртуа од Атлетико Мадрид. Белгиецот, сепак настапува како позајмен играч, а е во сопственост на Челзи, што дополнително ја комплицира ситуацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП