4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГатузо обвинет за местење натпревари

Гатузо обвинет за местење натпревари

gatuzo mestenje

Домот на светскиот шампион од 2006-та година со националниот тим на Италија, Џенаро Гатузо беше претресен од полицијата во врска со истрагата за местење натпревари.

Против легендата на Милан тече истрага како дел од работата на полицијата во Кремона.

Домот на Кристијан Броки, поранешен фудбалер на Милан и Лацио, исто така бил проверен од Власите.

„Gazzetta dello Sport“ објави дека четворица мажи се уапсени по обвинението дека дејствувале како посредници помеѓу фудбалерите и компаниите за обложување.

Изданието тврди уште дека Власите многу внимателно ги следат натпреварите од елитата на Италија, вклучувајќи ги и тимовите како Милан, Јувентус и Интер.

Во моментов течат истраги за средбите Милан – Лацио, Киево – Милан (во февруари 2011-та година), Милан – Бари (март 2011-та), Јувентус – Лацио (април 2012-та) и Палермо – Интер (април 2013-та).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП