19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.12.2013

Дневен хороскоп 17.12.2013

zodiac111

 

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Верувате дека можете да направите многу за својата кариера бидејќи полната Месечина е во Близнаци а тоа може да ве донесе во контакт со некој кој за многу работи ќе ве поддржи. Комуникативни сте и подготвени да направите нешто неочекувано ако тоа од вас биде побарано, без оглед дали станува збор за некаква услуга, заминување на пат или официјално појавување на некој голем собир. Очекувате да ви се јави еден Рак или еден Лав со понуда во врска со некоја нова работа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Полната месечина во Близнаци може да донесе некои нови деловни понуди. Потребно е максимално да се ангажирате на новата работа и да бидете подготвени за различни изненадувања, дури и ако не ви одговара тоа што ќе го слушнете, прифатете го без многу размислувања. Не е момент да се расправате со некој кој не ви е наклонет и несака да ви направи некаква услуга. Вашите аргументи немаат никаков ефект кога станува збор за соработка со некој кој повеќе пати кон вас покажал дека е неправеден.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Може да започнете повеќе од една активност или да се зафатите со неколку работи едновремено, па тоа да предизвика малку хаос во вашето опкружување и секако бунт на околината која може да ја вознемирите со своите активности, со раздвиженоста, но и со галамата и бучавата која можете да ја правите. Имате или ќе имате доста силни мотиви за вакво нешто, а тоа е секако некаква погодност на финансиски план која сакате да ја искористите, некакви погодности или нешто што ви се појавило ненадејно, па сакате да искористите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денешниов ден е еден од поважните во годинава поради аспектот помеѓу Јупитер и Сатурн кој доаѓа во егзактна фаза, а кој претпоставува сериозни успеси во следните десетина дена или до крајот на годинава, што ќе признаете и не е така лошо. Значи, ако очекувате некакви сериозни одговори од сериозни луѓе за сериозни нешта што ви значат најпрво на деловен план, но и општо не се возбудувајте, одговорите ќе бидат онакви какви што ги посакувате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе почувствувате налив на силна енергија која ќе ве инспирира да започнете со промени. Ќе се здобиете со огромна самодоверба и никој нема да може да го сопре вашето напредување. Исто така, денес ќе настапи полна месечина во Близнаци. Таа треба да ви помогне да увидите кои се вашите вистински пријатели и кои се луѓето кои ви мислат добро. Внимавајте, не ги трошете парите залудно.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе стекнете нови пријатели кои исклучително многу ќе ја ценат вашата лојалност. Тоа значително ќе ја подобри вашата позиција на работното место. Ќе добиете многу понуди, но не брзајте веднаш да прифатите некоја од нив. Разговарајте со вашето семејство за ризиците на работното место, една Вага ќе ви го даде најдобриот совет околу тоа.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се нервиравте. Бидејќи наскоро ве очекува прослава, подгответе поголема сума пари. Не земајте слободни денови кога немате реална потреба за тоа, вашите колеги веќе се разлутени, обидете се да дадете поголем напор на работа.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се наоѓате во состојба на блага емотивна напнатост. Причината за таквото расположение е индивидуална. Многумина од вас претрпеа голем шок, затоа размислувајте за промена на средината. Потрудете се да бидете повеќе толерантни. Не се грижите за финансиските средства, во наредниот период ви се отвараат нови прилики за уште подобра заработка.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптоварувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо. Разговарајте со вашите соработници, овие неколку дена се најповолниот период за да си ги наместите работите онака како што вам ви одговара.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе можете да си остварите некоја амбиција која ја имате веќе неколку месеци. Сега започнете со планирањето, а големите чекори направете ги во почетокот на 2014 година. Исто така, денес ќе настапи полна месечина во Близнаци. Таа ќе ве исполни со позитивна енергија, па здружете се со луѓе полни со ентузијазам и долго време ќе ја задржите насмевката на вашето лице.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Претпоставка е дека имате сериозни залагања на темите правда, странство, образование или пак некакви завршувања на некакви зделки, финансиски трансакции или инвестиции. Можеби ќе бидете многу успешни во започнувањето на некоја долгорочна работа или остварување на некоја дамнешна желба, а врзана за претходно реченото. Како и да е, можни се и некакви разделби, на подолг рок или време, преселби кои ќе бидат поволни за вас, и ќе ви донесат некакви предности.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Овој ден е многу поволен за исполнување на повеќето желби. Се работи за некакво остварување на целите на деловен план, финализирање на некакви потфати, проекти, нешто што ви е значајно или има големо статусно значење за вас, со помош на пријатели или пак вие ќе им помагате и на нив, а во прашање се секако доста сериозни нешта кои немаат дневно значење, туку се однесуваат на целата наредна година. Вложете максимален напор!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП