3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТотенхем се раздели со Вилјаш-Боаш

Тотенхем се раздели со Вилјаш-Боаш

andre vilassa boas

Португалскиот менаџер Андре Вилјаш -Боаш официјално доби отказ од Тотенхем. Чашата на трпението на првите луѓе на тимот од Лондон се прелеа по поразот од Ливерпул (0:5) кој се случи викендов на „Вајт Харт Лејн“.

Пред тоа, на крајот на ноември Тотенхем беше посрамен и како гостин кај Манчестер Сити (0:6), а порано во сезоната загубија и од Вест Хем (0:3) во лондонското дерби.

„Клубот може да потврди дека се договоривме со тренерот за раскинување на неговиот договор. Решението е взаемно и во интерес на сите страни. Му посакуваме се најдобро на Андре“, се вели во официјалното соопштение на Тотенхем.

36-годишниот Португалец пристигна на „Вајт Харт Лејн“ во текот на летото на 2012-та година, но не забележа којзнае какви успеси со Тотенхем. Пред тоа во својата тренерска кариера тој беше на чело на Британските Девствени Острови (1998-1999) , Академик (2009-2010) , Порто (2011-2012) и Челзи ( 2011-21012 ).

Неговите најголеми успеси се со Порто со кој дојде до шампионската титула во Португалија, Купот и Суперкупот на земјата, како и Лига Европа во 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП