3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВе интересира како изгледа музејот на Роналдо? (фото+видео)

Ве интересира како изгледа музејот на Роналдо? (фото+видео)

muzej

Фудбалската ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо официјално го отвори музејот во Мадеира, во кој се наоѓаат сите заработени колективни и индивидуални награди.

muzej1

Посетителите можат да видат 150 трофеи – од неговата прва награда во 1993-та година како дете со Андоринја до „Златната топка“, „Златната копачка“ и титулите со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, како и во Лигата на Шампионите.

muzej2

„За мене е чест да имам свој музејот во градот во кој сум роден. Несакам да издвојувам ниту една награда. Сите се многу посебни и им ги должам на соиграчите. Очекувам да освојам многу повеќе“, изјави „CR7“.

muzej3

„Да, има место за „Десеттата“. Очекувам да ја освојам уште оваа сезона“, изјави тој со насмевка.

muzej4

Запрашан за претстојната награда за „Златната топка“, голгетерот одговори:

muzej5

„За мене е само еден трофеј. ( … ) Дали ќе одам на церемонијата? Разговарав со клубот за оваа тема, па ќе видиме што ќе се случи“.

muzej7

За групата за Светското првенство во Бразил Роналдо рече:

muzej8

„Сакаме да направиме силен Мундијал. Имаме тешка група и треба да го дадеме најдоброто за да стигнеме далеку“.

muzej10

Местото во кое се величат спортските успеси и достигнувања на португалскиот фудбалер, воедно е и место со кое би требало во неговиот роден град да се подигне туризамот на повисоко ниво.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП