4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТехничка анализа EUR/USD 16.12.2013

Техничка анализа EUR/USD 16.12.2013

polar

Претходната недела на валутниот пазар следевме неодлучни движења кај паровите, а најнеизвесно беше токму кај форекс парот EUR/USD, каде цената се движеше во една помала ограничена зона од 1,3700 до 1,3800.

Оваа недела влегува во втората половина на последниот месец за 2013-та година, а историски гледано од претходните години скоро секогаш на крај на годината проследуваме еден финален удар и зголемени обеми на тргување каде инвеститорите вештачки ја движат цената со цел на реализирање на позначителни профити.

Кај валутниот пар EUR/USD во последниот квартал на 2013-та година забележуваме еден мек нагорен тренд со доста лажни реверсни движења, каде се добива сомнеж дека нагорниот тренд може да е завршен, но како што цената оштро паѓа на моменти така се повеќе се зголемуваат куповните налози и се одржува трендот.

Како што најавивме претходната недела наша анализа е дека цената најверојатно сеуште ќе расте се додека не се достигне уште еден највисок врв околу 1,4000 или поточно 1,3950 при нивото на фибоначи 127% калкулирано од последниот врв и дно на историското движење.

Се што треба да се реализира профитот доколку се одлучеме на купување според нашата анализа е да се чека стрпливо за евентуални куповни налози, а за посигурни реализации најдобро е да се почека на некоја поважна економска објава при еврозоната или САД. Може и денес да се добие добра влезна цена кога е најавен говорот на претседателот на европската централна банка, Марио Драги во 16:00 часот.

Приказ:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП